24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Меси: Никој од Барселона не ме праша дали ќе играм бесплатно, а јас бев подготвен и тоа да го сторам

Лео Меси е разочаран од изјавите коишто доаѓаат од неговиот поранешен клуб Барселона.

Легендата на овој тим, како што е добро познато, мораше да си замине поради големите финансиски проблеми со коишто се соочува каталонскиот тим, а кариерата одлучи да ја продолжи во ПСЖ.

„Разочаран сум од зборовите на претседателот Жоан Лапорта. Никој од Барселона не ме праша дали ќе играм бесплатно.

Јас прифатив 50% намалување на платата, а бев подготвен и да му помогнам на клубот уште повеќе, а да ме прашаа дали ќе играм без пари, можеби и ќе го сторев тоа.

Кога заминав, кажав дека би сакал еден ден да се вратам во Барселона и да ѝ помогнам на каков било начин и уште стојам на тие зборови. Можеби токму по ПСЖ ќе се вратам пак во Барса“, изјави Аргентинецот за шпанскиот весник „Спорт“.

Меси нема одличен почеток во ПСЖ и се мачи да ја пронајде вистинската форма, но со оглед на неговите вонсериски квалитети, тоа е само прашање на време.

- Оглас -

Најнови вести