Најдобриот светски фудбалер и актуелен светски шампион со Аргентина, Лео Меси, после само две сезони си замина од ПСЖ и својата кариера ќе ја продолжи во екипата од САД, Интер Мајами.
Тој за БеИН Спорт ги објасни причините зошто се одлучи на таков потег и си замина од Париз.
– “Некои луѓе почнаа да се однесуваат поинаку со мене, дел од навивачите на ПСЖ. Мислам дека огромното мнозинство сакаше да останам и ме третираа како кога првпат дојдов, но дојде до судир со значајна група навивачи. Никогаш не го сакав тоа. Мене ми се случи истото што им се случува и на Нејмар и Мбапе. Знам дека навивачите се однесуваат така. Ќе понесам со себе убави спомени од луѓето кои ме почитуваа, како што и јас ги почитував откако дојдов.“ – рече Меси.