24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Меси од безбедносни причини не бил на венчавката на сестрата на жена му

Лионел Меси ја пропуштил венчавката на Карла Рокуцо, една од двете сестри на неговата сопруга Антонела. Според информациите, отсуството било од безбедносни причини.

Иако за свадбата не се знаело во пошироката јавност и требало да биде тајна за да не настане хаос и многумина непоканети да се појават со цел да го видат Меси.

Сепак, соседите кои живееле блиску до црквата во Росарио, забележале големи мерки на безбедност и сфатиле што е работата и почнале да се собираат со надеж дека ќе го видат најдобриот фудбалер.

Меси не бил во црква, но се појавил на свадбената забава која се одржала подоцна.

- Оглас -

Најнови вести