Интер Мајами во летниот преоден рок би можел да биде посилен за аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија, објави ЕСПН.
„Ди Марија е во сериозни преговори со Интер Мајами и мобежи налето ќе потпише за нив. На Фиде (прекарот на Ди Марија) му се допаѓа таа идеја“, објави ЕСПН.
Договорот на Ди Марија со Бенфика истекува на крајот од сезоната, а според ЕСПН, наводно Меси е иницијатор за евентуалниот трансфер на неговиот сонародник во Интер Мајами.
Меси инсистирал управата да направи се што е во нејзина можност да го донесе Ди Марија, додека на сонародникот му порачал дека Интер Мајами е идеален тим за него во финишот од кариерата.
Доколку пристигне и Ди Марија , тогаш Интер Мајами ќе биде супертим во МЛС-лигата бидејќи покрај двајцата Аргентинци тука се и поранешните играчи на Барселона, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Луис Суарес.
Лионел Меси и Анхел ди Марија во 2022 година со Аргентина триумфираа на Светското првенство.