Меси од Саутемптон – Астон Вила не знае да се варди од феноменалните удари на Вард-Проуз (Видео)

Џејмс Вард-Проуз игра феноменално прво полувреме за Саутемптон против Астон Вила, а двата гола што ги постигна од слободен удар се во стилот на Лионел Меси од Барселона.

Репрезентативецот на Англија беше нерешлива енигма за домаќиниот и е убедливо најдобар играч на теренот на „Вила Парк“.

Вард-Проуз го зачини првиот дел и со асистенција до Вестергард за првиот гол на мечот, а потоа блесна со два совршени погодоци од слободен удар.

Најпрво погоди во 33. минута, а домашниот голман Мартинес воопшто не мрдна од место и само со поглед ја испрати топката во мрежата.

Потоа Вард-Проуз доби уште една шанса за реприза и повторно погоди од слободен удар во 45. минута, со што стави печат на импресивниот настап во првото полувреме, штого доби Саутемтпон со 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести