Лионел Меси и грото играчи на Барселона не го прифатија предлогот на раководството да им се намалат платите за 30 проценти за да се закрпи огромната финансиска дупка од 190 милиони евра што ја има клубот.
Денеска, 5 ноември беше означен како краен рок проблемот да се реши, но до договор не дојде, па најавена е нова рунда на преговори за идната недела.
Планот е да им се намалат платите на играчите за 30 отсто, но и да не бидат оштетени, парите би им биле вратени во период кога финансиската слика на клубот ќе биде подобра.
Тоа не е прифатливо за фудбалерите на Барселона, кои денеска го одбија предлогот, но прифатија нова сеанса преговори закажани во текот на идната недела.