Меси одбрал да биде Граѓанин, објавен факсот преку кој ја информираше Барса дека сака да си оди (Фото)

Лионел Меси сака да игра за Манчестер сити, кажа новинарот Марсело Бехлер, кој прв објави за трансферот на деценијата кој го здрма фудбалскиот свет. Меси пред неколку дена му се јавил на Пеп Гвардиола и го прашал какви се шансите Сити да го ангажира и изгледа добил позитивен одговор, па Аргентинецот веројатно во следната сезона ќе игра во Премиер лигата. Во игра е и ПСЖ, но Граѓаните се фаворити за потписот на Меси.

Во Сити, Меси повторно ќе се спои со тренерот Гвардиола, со кого во Барса заедно осовија 16 трофеи за четири години, и со другарот од репрезентацијата Серхио Агуеро, а има уште еден сонародник, Отаменди. Со Сити, Меси ќе брка титули во Лигата на шампионите и во Премиер лигата. Клубот може да му ја даде платата која ја бара 33-годишниот Меси и сето тоа оди во прилог.

Медиумите објавија и фотографија за која се тврди дека е факсот кој Меси го испрати до клубот и во кој пишува дека сака да си оди. Некои објавија дека овој факс е лажен.

Останува да се види на каков начин Меси ќе се раздели со Каталонците, дали Сити ќе треба да плати огромна отштета како што бара Барселона или ќе се најде друг начин кој нема да биде толку поволен за Барса.

- Оглас -

Најнови вести