Легендата на Барселона и светскиот фудбал, Лионел Меси, одлучи активно да учествува на претстојните претседателски избори на каталонскиот клуб, кои ќе се одржат во април 2026 година.
Според информациите од Шпанија, целта на Аргентинецот ќе биде да го собори сегашниот претседател на клубот, Жоан Лапорта.
Наводно Меси нема намера директно да поддржи ниту еден кандидат освен ако нема реални шанси за победа и најдобриот стрелец на сите времиња во Барселона е подготвен д муа се придружи само на силен противник околу кој ќе се обедини цела опозиција на Лапорта.
Зад сцената веќе се работи на формирање моќна алтернатива на Лапорта. Различни групи се обидуваат да се обединат околу еден кандидат и активно бараат поддршка од Меси. Неговата поддршка се смета за клучна за обезбедување поддршка од навивачите во кампањата.
Меси верува дека претседателот Лапорта ја изневери неговата доверба во летото 2021 година, кога вети дека ќе му го продолжи договорот, но потоа откако победи на изборите, ја повлече понудата и му дозволи на Аргентинецот да си замине.

 
                                    