Во 2015 година кога со Барселона ја освои четвртата своја титула во Лигата на шампионите, Лионел Меси веројатно ни на најлош сон не замислуваше дека ќе има осум години пост, и можеби тоа ќе му биде последен таков трофеј во кариерата.
Најдобриот фудбалер на светот за 2022 година според ФИФА, и со Барселона и со ПСЖ реди разочарувања во елитното клупско натпреварување. Од шокантни порази со пресврти, со катастрофи, до немоќ да се даде гол, тоа се начините на кои тимовите на Меси испаѓаат од ЛШ и тоа доста рано во елиминациската фаза.
Кога направи трансфер во ПСЖ, веројатно веруваше дека нема кој да му застане на патот до посакуваниот трофеј, но не е така, парижаните колку и да имаат добар тим на хартија, како да не се способни за успех во Европа, секогаш им фали по нешто.
После овој пораз, и Меси треба да одлучи што ќе прави летово, дали да остане во овој клуб со кој тешко дека ќе ја покори Европа, или ќе си замине, можеби и простувајќи се од освојување на ЛШ по петти пат.