Напаѓачот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка, Лионел Меси, призна дека го смета поранешниот кошаркар на Чикаго булс и американската репрезентација, Мајкл Џордан, за најголемиот спортист во историјата.
„Кога станува збор општо за спортот, мислам дека Мајкл Џордан е најголем на сите времиња. Откако ја гледав серијата „Последниот танц“, бев инспириран и дознав повеќе за тоа кој е тој“, рече Меси.