Меси откри кој му е најомилениот гол во кариерата (Видео)

Лионел Меси во својата неверојатна кариера постигна многу фантастични голови кои ќе се паметат уште долго време. Голема е дилемата за тоа кој погодок на Меси е најдобар на сите времиња, а Аргентинецот откри кој е негов најомилен погодок од речиси 900 што ги постигна.

„Најдраг гол? Тоа е тој во финалето од Лигата на шампионите во 2009 година. Тоа е затоа што тој погодок има неверојатно значење. Тој погодок е кулминација на незаборавната сезона во која ги освоивме сите трофеи. Затоа според мене, тој е најважниот погодок од сите. Дадов гол во финале од Лига на шампиони, и тоа со глава, против Манчестер јунајтед“, рече Меси.

Меси многу ретко постигнува голови со глава и тоа е поради неговата висина, но во тој меч во 2009 година успеа да скокне толку високо и да ја удри топката токму како што треба за да го матира Едвин ван дер Сар, а да ги остави зачудени како неговите соиграчи така и дефанзивците на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести