Лионел Меси ја предводеше Аргентина до нова победа во квалификациите за пласман на СП 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а по мечот одговараше на интересни прашања на новинарите.
Актуелниот светски шампион го совлада Перу со 2:0, а двата гола ги постигна токму Меси и го задржа максималниот скор во квалификациите со четири победи во четири меча и гол-разлика 7:0.
Аргентинските медиуми по мечот ги интересираше мислењето на Меси каде би ја сместил оваа репрезентација на Гаучосите на ранг-листата на најдобри екипи во историјата.
„Пред некој ден размислував токму на оваа тема. Оваа селекција на Аргентина е импресивна и игра сè подобро. Но, мислам дека е многу да се споредува со Барселона, која ја предводеше Гвардиола и која за мене е најдобрата екипа во историјата, но мислам дека сме многу блиску до нив. Ние сме светски шампиони и сме шампиони на Јужна Америка. Имаме одлични играчи, без разлика кој игра, не се забележува на теренот бидејќи имаме специфичен стил на игра кој ни се допаѓа. Екипата е многу опуштена и самоуверена. Без разлика каде игра, секогаш сакаме топката да биде во нашите нозе и уживаме да играме на тој начин“, изјави Меси.