-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Меси откри зошто никогаш не зборува англиски

Големата ѕвезда на Интер Мајами, аргентинската репрезентација и светскиот фудбал, Лионел Меси, призна дека не сака да зборува англиски јазик на јавни настапи, иако „делумно“ го познава.

„Никогаш, ниту на англиски. Тоа е од скромност и срам. Срамежливоста ме спречува да зборувам друг јазик, се чувствувам непријатно, претпочитам сè да правам на шпански. Искрено, мислам дека можам да зборувам англиски и луѓето да ме разбираат, но чудно се чувствувам, не ми се допаѓа“, призна Меси во интервју за стриминг каналот LuzuTV.

Меси се присети и на едно од своите најсмешни и највирални видеа: кога одби да зборува кинески за кинеската Нова Година. Барселона организираше кампања по повод празникот, а неколку играчи во тимот кажаа по неколку зборови на кинески. Луис Суарез беше прв, по него Нејмар, но кога дојде редот на Меси, тој на шпански кажа: „Среќна кинеска Нова Година“.

„Разговарав со клубот и им реков: Нема да го правам тоа на кинески, ако сакате, ќе го направам на шпански“.

- Оглас -

Најнови вести