Меси открива детали околу разделбата со Барселона

Лионел Меси е убеден дека го направи вистинскиот потег со тоа што решил да си замине од Барселона, и тоа по повеќе од 20 години лојалност на каталонскиот гигант. Капитенот на аргентинската репрезентација летово си замина од „Камп ноу“ и како слободен играч потпиша за Пари Сен Жермен.

„Не направив грешка со трансферот во Пари Сен Жермен“, изјави Меси во интервју за „Франс Фудбал“.

Оваа изјава на Меси е само еден мал дел од тоа што Аргентинецот реши да го откри за сите работи кои се случувале во летниот преоден рок и како тој одлучил да си замине од Барселона.

Најавено е дека „Франс Фудбал“ во саботното издание ќе го објави целото интервју со Меси, кога и ќе се дознаат многу детали околу тоа што се случувало во деновите кога Меси ја донел одлуката да си замине од Барселона, клубот којшто беше единствен за него само до пред два месеци.

 

- Оглас -

Најнови вести