Лионел Меси со хет-трик на гостувањето кај Бетис ја предводеше Барселона до нова победа во Примера дивисион. Посебно неверојатен е последниот погодок, за кого сите уште зборуваат и се чудат како успеа Аргентинецот да погоди. Меси направи „магија“, а на теренот се чудеа играчите на двата тима, додека навивачите на Бетис мораа да аплаудираат на погодокот.
„Ова ми се нема случено никогаш во животот. Им благодарам на навивачите на Бетис. Секогаш сме добро пречекани тука, без разлика на тоа што сме им противници. Бетис покажа дека е квалитетен тим. Доста време ја имаа топката во нивен посед, но ние знаевме да се адаптираме и да бидеме квалитетно организирани. Секогаш сме подготвени, и тоа е нашиот квалитет“, рече Меси по мечот со Бетис во Севилја.
На синоќешниот меч, Меси стана првиот играч во топ 5 лигите кој има дадено пет гола директно од слободен удар сезонава и стигна до бројката 601 гол за Барселона (590 во тимот А, 6 во тимот Б и 5 во тимот Ц). За него, ова беше 34-ти хет-трик во Примера и на тој начин го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Сега двајцата имаат еднаков борј мечеви со хет-трик во шпанското првенство.
https://twitter.com/Navhin_/status/1107453310678646784