Меси: Оваа група е луда, се наоѓаме само на еден натпревар од остварување на нашите соништа

Последниот танц на Лионел Меси на Светските првества ќе заврши в недела, со настапот во финалето откако Аргентина со 3:0 славеше над Хрватска во првото полуфинале.

Меси во победата учествуваше со еден гол од пенал и асистенција за Хулијан Алварес при постигнување на третиот погодок на Гаучосите.

„Многу сум возбуден поради овој успех, финалето е тоа што сите го сакавме. Нашите навивачи и семејства беа со нас низ целото СП, доживеавме нешто специјално и ни недостасува само уште еден натпревар за да ги оствариме нашите соништа. Ние баравме да верувате во нас, оваа група на играчи е луда“, изјави Меси.

Аргентина во финалето ќе се сретне со подобриот од мечот Франција – Мароко, кој ќе се игра утревечер од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести