Лионел Меси ќе има уште една шанса за мундијалско злато, што му недостасува во богатата колекција со пехари, откако ноќеска по ремито без голови во вечното дерби против Бразил, и Гаучосите се приклучија на листата со учесници на СП во Катар.
Меси не успеа да го размрда нападот на Аргентинците, но и со ремито двојните светски прваци ќе играат на Мундијалот идната година.
https://twitter.com/Argentina/status/1460793129607614465?s=20
Бразил беше пласиран од претходно, а во Катар можеби ќе го нема Чиле, а во таков слу;ај, Артуро Видал ќе биде еден од трагичарите за евентуалниот неуспех.
Играчот на Интер со брутален старт во 14-тата минута, со отворен ѓон директно во главата го погоди Феликс Торес и веднаш беше исклучен.
Чиле со играч помалку не успеа да ја анулира негативата против Еквадор, селекција која во тој момент со голот на Еступињан веќе водеше со 1:0, а потоа победи со уште еден гол и ги остави Чилеанците надвор од зоната што води на СП во Катар.
Chile 0-[1] Ecuador – Pervis Estupiñan great strike 9′ | CONMEBOL WC Qualifiers from soccer
На четири кола до крајот на јужноамериканските квалификации за СП, Бразил и Аргентина веќе обезбедија пласман, Еквадор има шест бода предност пред конкурентите на третото место и е блиску до пат во Катар, а битка за последното, четврто место што води директно на Мундијалот и за петтото што гарантира дополнителен бараж, ќе биде многу неизвесна.
Табела: Бразил 35, Аргентина 29, Еквадор 23, Колумбија и Перу по 17, Чиле и Уругвај по 16, Боливија 15, Парагвај 13 и Венецуела 7 бода.