1.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Меси планира кариерата да ја заврши во родната Аргентина

Лионел Меси сè уште не размислува за крај на кариерата иако има 36 години и Интер Мајами нема да му биде последен клуб, туку неверојатната кариера сака да ја заврши во родната Аргентина.

Тој со Интер има договор до 2025 година, а „Ел Насионал“ пишува дека потоа Меси ќе се врати во тимот во којшто ја започна кариерата, во аргентинскиот Њуелс олд бојс. Такво сценарио неодамна навести и самиот фудбалер.

„Отсекогаш сум размислувал за една идеја, а таа е да уживам во аргентинскиот фудбал играјќи како светски шампион за Њуелс“, изјави Меси неодамна во интервју за „ТуЦ Спортс“.

Меси летово потпиша за Интер Мајами, каде што одлично тргна, постигна 11 гола и имаше пет асистенции на 12 натпревари, но поради повредата на ногата, најверојатно предвреме ја заврши сезоната.

- Оглас -

Најнови вести