Лионел Меси по освојувањето на светската титула со репрезентацијата на Аргентина пред 11 дена, се врати во својот роден град Росарио и не може глава да крене од некакви забави и прослави.
Речиси и да нема ден Лео да не е на некаква прослава, а синоќа во еден хотел во Росарио каде Меси во 2017 година правеше свадба со Антонела, тој се журкаше заедно со репрезентативните колеги Анхел Ди Марија и Леандро Паредес.
Меси в понеделник би требало да прекине со славјата, и да замине за Париз, каде треба да му се приклучи на својот клуб ПСЖ.