Меси по стапките на Роналдо, нема да го менува клубот и по 2025 година

Интер Мајами беше елиминиран во првата нокаут фаза од Светското клупско првенство, но сите во американскиот клуб се задоволни од прикажаното на турнирот на кои учествуваа 32 екипи од целиот свет.

Лионел Меси покажа дека уште е вистински лидер на теренот, а челниците на Интер Мајами планираат да го задржат Аргентинецот. Актуелниот договор на Меси со Интер Мајами е до декември 2025 година, но од клубот најавуваат дека се подготвува нов договор за капитенот.

„Меси има договор до крајот на 2025 година, но реалноста е дека двете страни сакаат да ја продолжат соработката“, стои во објавата на Интер Мајами, пренесува реномирануиот новинар Фабрицио Романо.

Преговорите се околу финансиите кои Меси треба да ги заработува со евентуалниот нов договор. „Започнати се неопходните преговори околу финансискиот договор“, објаснуваат од Интер Мајами.

Според најавите, Меси е согласен да остане во клубот и во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести