Меси победи во изборот за најдобар, а кој би победил ако се бираше најлош фудбалер?

Како што во филмската индустрија се доделува „Оскар“ за најдобар филм, така има и „Златна малина“ за најлош, па новинарите од шпанската „Марка“ одлучија како контра на изборот на ФИФА за најдобар играч на светот, The Best, да направат листа од кандидати за The Worst, или најлош фудбалер.

Кандидирани се 12-мина фудбалери, а убедливо на прво место е Еден Азар, кој сезонава е закован за клупата на Реал Мадрид. И меѓу читателите на „Марка“ најголем дел се Шпанци, па разбирливо е што „му даваат предност“ на крилото на Реал.

Прв зад него, според бројот на гласови ,е Хари Мегваер од Манчестер јунајтед. Еден од најскапите дефанзивци во историјата, во последно време ретко игра, а претходно беше и цел на фановите поради слабите игри и бројните киксеви.

На листата се и Деле Али, Обамејанг, Ѕаниоло и други ѕвезди на светскиот фудбал кои имаат очајна сезона.

- Оглас -

Најнови вести