Меси погоди од слободен удар за 800-ти гол во кариерата, Аргентинците направија „фешта“ во првиот меч како светски прваци (Видео+фото)

Аргентина со 2:0 ја победија Панама во пријателски натпревар, што беше прв меч за Гаучосите откако станаа светски прваци на Мундијалот во Катар. Мечот се одигра во Буенос Аирес, планетарните владители направија вистинска „фешта“, а, секако, во главна улога беше капитенот Лионел Меси.

Аргентина се мачеше да го скрши отпорот на Панама, а резервистот Алмада, кој влезе во вториот дел погоди за 1:0 во 78-мата минута. Во 89-тата минута се случи историски момент, кога Меси со погодок од слободен удар стигна до јубилејниот 800-ти гол во кариерата.

https://twitter.com/i/status/1639076516960276480

По завршување на средбата, селекторот Лионел Скалони го зеде микрофонот во раце и почна да скандира „Меси, Меси“, што наиде на делириум кај гледачите.

https://twitter.com/i/status/1639086568873885696

Ова всушност беше вистинско славење за Аргентинците по освоената светска титула. Пред натпреварот, сите фудбалери кои беа дел од Мундијалот добија реплика од светскиот пехар.

На крајот, како што и се очекуваше, Меси заврши во рацете на своите соиграчи, кои едноставно знаат кој е нивниот вистински лидер и кој е најзаслужен за цела оваа радост по освоеното Светско првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести