24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Меси поради повреда не играше за ПСЖ, но тренира со Аргентина

Аргентинските медиуми најавуваат дека големи се шансите Лионел Меси да заигра уште в петок, на дуелот со Уругвај од квалификациите за СП 2022, а за пресметката со најголемиот ривал Бразил сигурно ќе биде во составот.

Меси викендов не играше за Пари Сен Жермен против Бордо и пред тоа против Лајпциг во ЛШ поради повреда. Од клубот не сакаа тој да замине во татковината, туку да остане во Париз и да се рехабилитира, а Лео веќе тренира со националниот тим, иако не е 100 проценти фит.

За ПСЖ не играше ни Леонардо Паредес, но за разлика од Меси, Паредес не тренира ни со репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести