23.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Меси постави нов неверојатен рекорд во ЛШ

Лионел Меси беше вистински предводник во екипта на Пари Сен Жермен во убедливата победа од 7:2 против Макаби Хаифа, во меч од петтото коло во Лигата на шампионите. Со оваа победа Светците се сигурен патник во осминафиналето.

Во седумте погодоци кои ПСЖ ги постигна, дури на четири Меси беше директен учесник. Аргентинецот постигна два гола, а имаше и две асистенции, па со тоа стана најстариот фудбалер во историјата на ЛШ кој успеал на еден меч да даде два гола и да има две асистенции. Меси има 35 години и 123 дена.

Освен Меси, одлични беа и останатите две големи ѕвезди во ПСЖ. Килијан Мбапе даде еден гол, а имаше и две асистенции, додека Нејмар имаше еден гол и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести