Меси постигна гол со кој го надмина Роналдо во една важна категорија

Лионел Меси постигна гол за ПСЖ на гостувањето кај Нант, погодок кој има интересно значење за статистиката. За Меси ова е 702 погодок постигнат во Европа и успеа да го надмине Кристијано Роналдо кој има 701 гола дадени во Европа.

Тоа што е интересно е дека Меси до 702 погодоци стигна во одиграни 105 натпревари помалку од тоа што му требало на Роналдо.

Што се однесува до погодоци постигнати во топ 5 лигите, Роналдо тука засега уште е пред Меси и тоа за само еден гол. Португалецот има 495 погодоци во Топ 5 лигите, а Меси е на бројката од 494 гола.

- Оглас -

Најнови вести