15.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Меси постигна нови два гола, Интер Мајами обезбеди плејоф во МЛС-лигата (Видео)

Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС-лигата и постигна нови два гола за Интер Мајами. Интер гостуваше во Њујорк кај Сити, а екипата од Мајами не покажа милост и славеше убедливо со 0-4.

Во 43-тата минута Меси беше асистент, а Балтазар Родригес погоди за 0-1.

Во 74-тата минута Меси покажа дел од магијата што го краси веќе 20 години. По одличната асистенција на Серхио Бускетс, излезе сам пред голманот и рутински го префрли за 0-2.

По голот на Луис Суарес во 83-тата минута за 0-3, само три минути подоцна повторно беше редот на Меси. Овојпат тој се прошета низ одбраната и прецизно погоди во подалечниот агол.

Меси така стигна до 24-ти погодок и 11-та асистенција оваа сезона во МЛС лигата, а ова му беше осми пат да заврши натпревар со два гола зад своето име.

Со оваа победа Интер Мајами обезбеди пласман во плејофот на МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести