32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Меси потписот на новиот договор ќе го стави во Саудиска Арабија!

Лионел Меси ќе му остане верен на Пари Сен Жермен до 2024 година. Ова го најавуваат многу светски медиуми, а се очекува Аргентинецот продолжувањето на соработката со Светците да го потврди со договор кој ќе биде потпишан во следниот период.

Најавите се дека Меси договорот ќе го потпише пред пријателскиот дуел на ПСЖ против Ал-Насл, кој ќе се игра на 19 јануари во Саудиска Арабија. Овие два тима требаше да одиграат контролен дуел минатата година, но тој беше одложен поради пандемијата, па двата клуба се сложија натпреварот да се игра на 19 овој месец.

Ова најверојатно ќе биде и последен меч меѓу Кристијано Роналдо, кој потпиша за Ал-Наср и Меси, кој е главна ѕвезда во ПСЖ. Токму за време на престојот во Саудиска Арабија, Лео ќе го стави потписот за верност кон францускиот тим до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести