Екипата на Интер Мајами ја продолжува турнејата во Азија и вчера одигра пријателски натпревар против јапонскиот Висел Кобе, а овојпат Лионел Меси се појави на теренот, но повторно се најде на удар на фановите.
Интер и Висел Кобе одиграа без голови, а камерите ги фатија Меси и Жорди Алба како се смеат веднаш по промашувањето на пеналот на нивниот соиграч Тејлор, и тоа по вторпат откако промаши и првиот пат, но судијата го повтори изведувањето на ударот поради непрописното движење на голманот на Висел Кобе.
https://twitter.com/i/status/1755207358215495853
Интер Мајами на турнејата во Азија одигра четири меча и победи само на еден, против Хонг Конг (4:1).
Последниот пријателски меч за Интер Мајами ќе биде емотивен за Меси бидејќи на 15 февруари ќе му гостува на својот тим Њуелс олд бој во Росарио, Аргентина.