Меси позитивен на коронавирус

Пари Сен Жермен објави дека неговите играчи Лионел Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала, се позитивни на Ковид-19.

Тие се во изолација и ги почитуваат здравстени протоколите, велат од ПСЖ, а потврдија и дека Нејмар кој ќе биде во Бразил до 9-ти јануари, има повреда поради која нема да може да тренира уште три недели.

ПСЖ утре има меч од Купот на Франција, Меси секако немаше да игра на тој меч, а неизвесно е дали ѕвездата ќе може да се појави следниот викенд, кога парижаните имаат тешко гостување кај Лион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести