20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Меси прави чуда кои никогаш никој претходно не ги направил, Порто испиша негативна историја (Видео)

Лионел Меси постигна фантастичен гол од слободен удар кој му донесе победа на Интер Мајами со 2:1 против Порто во второто коло од Светското клупско првенство. Аргентинскиот виртуоз погоди за 2:1 и Интер Мајами стана првиот тим од Северна Америка кој славел над европски ривал во официјален меч во натпреварување под покровителство на ФИФА.

За Меси ова беше јубилеен 50-ти гол во дресот на Интер Мајами. Тоа што е интересно е дека освојувачот на осум Златни топки секогаш во неговата кариера кога играл меѓународно натпреварување, ја поминувал групната фаза.

Интер Мајами со оваа победа стигна до четири бода и само теоретски останува во последното коло да потврди дека ќе ја помине групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести