Лионел Меси во кариерата има постигнато речиси 800 погодоци, од кои многу биле преубави. Сепак, од сите тие погодоци, еден е посебен. Тој беше постигнат на 18 април 2007 година, односно точно пред 15 години.
Барселона играше против Хетафе, кога во 29-тата минута Чави му ја додаде топката на Меси, и тоа на половината на својата половина. Од тој момент тргна магијата на Аргентинецот.
Тогаш 19-годишниот Аргентинец започна да дрибла. Нанижа шестмина противнички играчи, потоа го помина и голманот на Хетафе и успеа да постигне гол. Тој погодок на Меси многу наликуваше на погодокот што го имаше постигнато легендарниот Диего Армандо Марадона во дресот на аргентинската репрезентација на Светското првенство во 1986 година против Англија. Токму тој погодок на Марадона е најубав во историјата на Мундијалите.