Меси призна: Сакав да си одам од Барселона, но немав ниедна понуда

Лионел Меси стана легенда не само на Барселона туку и на шпанскиот фудбал. Аргентинецот е најдобар стрелец во историјата на Примера, а во своја сопственост има уште многу рекорди, кои тешко дека во догледно време некој ќе успее да ги надмине.

Иако има бласкави моменти во гигантот од „Камп ноу“, Меси открива дека имало период во кој сакал да си замине од Шпанија. Тоа било во 2017 година, кога беше обвинет за затајување даноци.

„Кога изби скандалот, прво што сакав беше да си заминам, не од Барселона, туку од Шпанија. Бев лошо третиран и затоа не сакав да останам во Шпанија. Малкумина знаат колку ми беше тешко во тие моменти, како мене така и на моето семејство. Сакав да заминам, но ниту еден клуб немаше официјална понуда за мене да си заминам од Барселона“, открива Меси за ситуацијата од пред две години.

Сега Меси вели дека во Барселона сака да ја заврши кариерата и да остане таму со своето семејство.

 

- Оглас -

Најнови вести