13.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Меси прв му честитал на Дембеле за освоената „Златна топка“

Крилниот напаѓач на ПСЖ, Усман Дембеле, откри кој прв му честитал за освојувањето на „Златната топка“.

Се испостави дека станува збор за неговиот поранешен соиграч од Барселона, сега капитен на Интер Мајами, осумкратниот добитник на „Златната топка“, Лионел Меси.

„Кој беше првиот што ми честиташе за Златната топка? Лионел Меси. Ми испрати приватна порака“, рече Дембеле во интервју за „Л’Екип“.

Дембеле победи убедливо според бројот на гласови пред Ламин Јамал и Витиња кои се најдоа на второ односно трето место. 

- Оглас -

Најнови вести