Меси прв пат се соочува со ваков проблем во кариерата, ќе пропушти три меча за Интер Мајами

Пред нешто повеќе од еден месец Лионел Меси направи сензационален трансфер во Интер Мајами и реши да заигра во МЛС шампионатот во САД. Доаѓањето на Меси во новиот клуб беше како од сон.

Во девет меча кои досега ги одигра Меси, Интер Мајами победи на сите девет средби. Аргентинскиот виртуоз постигна 11 гола, а го водеше тимот и до првиот трофеј во клупската историја.

Сепак, сега следуваат и првите проблеми за Меси и Интер Мајами. Клубот потврди дека Меси ќе отсуствува на барем три меча и тоа поради репрезентативните обврски со Аргентина.

Првенството на САД е едно од ретките кое не прави пауза додека има репрезентативни обврски и кога најдобрите фудбалери не може да бидат дел од екипите.

„Лео ќе пропушти барем три средби. Ќе дибие покана од аргентинската репрезентација, како што ќе отсуствуваат и некои други наши фудбалери. Ние како екипа ќе мора да продолжиме без нив и да победуваме“, рече тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино.

Меси ќе игра за Аргентина во дуелите од квалификациите за СП 2026 против Еквадор и Боливија и поради тоа нема да може да настапи за Интер Мајами на средбите против Лос Анџелес, Канзас и Атланта јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести