Меси првото интервју го имаше на 13 години и изненади со одговорот на прашањето што сака да биде кога ќе порасне

На два дена пред најважниот натпревар во кариерата на 35-годишниот Лионел Меси, на социјалните мрежи се појави првото интервју кое Аргентинецот го дал за локален весник во татковината и тоа само на 13 години.

Малиот Меси тогаш тренираше во академијата на аргентинскиот Њуелс олд бојс, а новинарот што го направи интервјуто предвиде дека Лео може да биде еден голем фудбалер.

„Лионел Меси не само што е еден од талентираните играчи во академијата на Њуелс олд бојс, туку му претстои огромна иднина бидејќи и покрај нискиот раст, успева да помине еден, двајца играчи, да дрибла, да постигнува голови, но, пред сè, да ужива со топката, а денес на сите им го откриваме“, се воведните зборови на новинарот кој го направил интервјуто со тогаш 13-годишниот талентиран фудбалер.

Меси одговорал на кратки прашања, а според одговорите, ни самиот не можел да сонува каква кариера ќе има во иднина. Тој како свои идоли ги навел татко му Хорхе и кумот Клаудио, хоби му била музиката, дека би сакал еден ден да биде професор по физичко воспитување, а како најголем сон кажал дека му е да игра за Аргентина.

На прашањето што мисли за скромноста, младиот Лајонел рекол: „Никогаш не треба да се изгуби скромноста“.

Херој: Двајца, татко ми Хорхе и мојот кум Клаудио.
Тренер: Сите што ги имав, затоа што научив нешто од сите нив (Габриел, Моралес, Домингез, Векио и Корија).
Фитнес тренер: Пабло Санчез.
Играч: Двајца, брат ми и братучед ми.
Тим: Њуелс олд бојс.
Хоби: Слушање музика.
Тип на музика: Квартето и Кумбија.
Списание: „Pasion Rojinegra“ (Магазин за фанови на Њуелс олд бојс).
Книга: Библијата.
Филм: Baby’s Day Out.
Други спортови: Ракомет.
Модел: Никол Нојман.
Храна: Пилешко во сос.
Предмет на училиште: Шпански.
Работа: Наставник по физичко образование.
Цел: Да завршам средно училиште.
Цел: Да играм во прва лига.
Радост: Кога бевме шампиони.
Тага: Смртта на баба ми.
Надеж: Да играме во прва лига со Њуелс.
Сеќавање: Кога баба ми ме однесе за првпат да играм фудба.
Сон: Да играм за Аргентина.
Приказна за раскажување: Кога патувавме во Перу и станавме шампиони.
Понизност: Она што човечкото суштество никогаш не смее да го изгуби.
Младински тимови на Аргентина: Би сакал да играм за нив.
Очекувања за оваа година: Повторно да бидеме шампиони.
Семејство: Татко ми Хорхе, мајка ми Селија и моите браќа и сестри Родриго, Наталија и Марисол.
Пријатели: Имам среќа што имам многу добри пријатели, ако се обидам да ги именувам, би заборавил некого.
Што значи Њуелс во вашиот живот: Сè, апсолутно сè.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести