Меси првпат после повредата одигра 90 минута, но Интер Мајами со пораз ја заврши сезоната (Видео)

Лионел Меси и Интер Мајами со пораз ја завршија сезоната во МЛС лигата во која не успеаја да се пласираат во плеј-офот и финишираат како претпоследни, 14-ти во Источната конференција.

Поразот од 1-0 на гостувањето кај Шарлот е седми меч во серија без победа за нив, иако Лионел Меси првпат после повредата одигра 90 минути за својот клуб.

Победникот на мечот против Шарлот беше решен уште во 13-тата минута кога колумбискиот интернационалец Калдерон Варгас успеа да ја затресе мрежата за Интер Мајами, за голема победа за неговиот клуб со која успеаја да се пласираат во плеј-офот од МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести