Меси првпат во кариерата ќе игра против свој поранешен клуб

2604 АИК – Гетеборг (14.00 часот)

Ова е дерби на колото во шведската лига и дуел на два тима на кои одбраната им е посилна страна од нападот. Тимот од главниот град во минатото коло го претрпе првиот пораз, а Гетеборг има три победи по ред, па на домашните нема да им биде лесно да се вратат на победничките патеки, но треба да се знае и дека претходното коло се одигра пред речиси еден месец и екипите малку се вон натпреварувачки ритам. АИК е трети на табелата, има четири бода помалку од Мјалби и Хамарби. Гетеборг е шести и има само едно реми во 12 кола, а десет години не победиле во Стокхолм.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.75)

 

2506 Бодо/Глимт – Сарпсборг (17.00)

Бодо/Глимт мора да реди победи на овие заостанати мечеви за да фати приклучок кон врвот. Бодо има 13 бодови помалку од разиграниот лидер Викинг, но и четири меча помалку. Бодо има примено само 8 гола на деветте меча сезонава, а имаат две победи по ред откако пред тоа неочекувано претрпеа два порази во три кола. Сарпсборг има дури пет нерешени во десет кола, четири кола по ред се без победа, но на гости немаат пораз уште од септември, па редно е прват сезонава да загубат на гостински терен.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.88)

 

2503 Молде – КФУМ Осло (17.00 часот)

Молде и КФУМ Осло се во долната половина на табелата, но полека почнуваат да излегуваат од криза. Молде има две победи во последните три кола, додека тимот од Осло кој се бори за опстанок, освои четири бода во претходните две кола. Молде уште од 4-ти мај чека победа на домашен терен. КФУМ Осло во минатата сезона победи на гости кај Молде, а во Осло беше 1-1, па ќе се потпреме на традицијата дека секогаш кога играле овие два тима меѓусебе било „гол-гол“.

Предлог тип: 1 & ГГ (4.00)

 

6716 ПСЖ – Интер Мајами (18.00 часот)

Лионел Меси за првпат во кариерата ќе игра меч против свој поранешен клуб, а со оглед на начинот на кој се разделија со ПСЖ, јасно е дека Аргентинецот ќе има екстра мотиви и многу ќе сака да победи. Но, проблемот е што парискиот тим е еден од најсилните во светот во моментов и важи за голема фаворит за победа. Мајами го победи европскиот гигант Порто во првата фаза, а ПСЖ прими само еден гол и тој значеше пораз, но се протнаа како први во својата група.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.06)

 

6715 Фламенго – Баерн (22.00 часот)

Баерн Минхен со поразот од Бенфика во третото коло на групната фаза како да одбра да игра осминафинале со Фламенго. Еве дојде тој меч, а тимот од Рио де Жанеиро освои прво место во групата во која беше и Челзи. Баварците во првото коло се испукаа, дадоа 10 гола, а потоа тесно со 2-1 беа подобри од Бока јуниорс, за на крај да дојде поразот од Бенфика на кој се испромашуваа. Фламенго даваше гол на секој од трите меча во групната фаза.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.65)

- Оглас -

Најнови вести