Меси: Реал Мадрид е најдобриот тим на светот во моментов!

Во интервју за „Инфобае“, Лионел Меси не се двоумеше да го пофали Реал Мадрид по нивниот неодамнешен успех по победата во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во Париз.

Меси е најдобар играч и стрелец во историјата на Барселона, а сега игра за Интер Мајами и полесно му е понеутрално да гледа на работите.

„Ако зборуваме според резултатите, најдобар тим на светот е Реал Мадрид, ја освои Лигата на шампионите, а ако зборуваме според играта, мене лично ми се допаѓа Сити на Гвардиола“, вели Меси.

Меси во интервјуто кажа и дека не ја исклучува можноста да игра на следното Светско првенство во 2026 година.

„Зависи од тоа како се чувствувам, како сум физички и дали сум реален со себе“, рече еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести