Лионел Меси повеќе од две децении за најголем ривал го има тимот на Реал Мадрид. Како играч на Барселона одигра многу анталогиски дуели, а откако сезонава направи трансфер во Пари Сен Жермен, ја почувстува моќта на кралевите во Лигата на шампионите.
ПСЖ беше елиминиран од Реал иако Светците имаа предност од 1:0 по првиот меч и на реваншот водеа со 1:0 на полувреме. Според Меси, Реал Мадрид не бил најдобриот тим во ЛШ.
„Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите и жалам што тоа не го направив оваа сезона. Сепак, не победува секогаш подобриот тим. Без да одземам нечии заслуги, но Реал Мадрид не беше најдобриот тим во ЛШ сезонава. Јас многу добро знам што е Реал Мадрид. Знам што може да ни се случи и тоа ни се случи во осминафиналето. Но тоа им се случи и на Сити, Челзи, Ливерпул… Лигата на шампионите е натпреварување кога не победува секогаш најдобриот. Постојат специфични моменти, моменти кога и најмала грешка може да ве исфрли. Во Реал најдобро се справија со тие ситуации и затоа се шампиони“, рече Меси.