34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Меси речиси сигурно ќе ја добие Златната топка за најдобар играч на светот, но е кандидат и за дебитант на годината

Лионел Меси речиси сигурно ќе ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на годината, но Аргентинецот е во игра да добие уште едно признание, и тоа во МЛС-лигата.

Меси е кандидат и за признанието за дебитант на годината во МЛС-лигата.
Тој од доаѓањето во Интер Мајами одигра само шест натпревари во МЛС-лигата и постигна еден гол.

Конкуренти за признанието за најдобар дебитант во лигата кое може да го добие на 36 години му се Јоргос Јакумакис од Атланта, кој постигна 17 гола на 27 меча, како и Едуард Левен, кој настапува за Сент Луис сити.

- Оглас -

Најнови вести