Меси сакаше да се освети на Медел за клоцата што ја доби во стомак пред четири години (Видео)

Лионел Меси и Гари Медел беа исклучени во првото полувреме од мечот за третото место на Копа Америка меѓу Аргентина и Чиле. Првата ѕвезда на турнирот, Меси ги загуби нервите и малку фалеше да се степа со противничкиот играч.

Откако Меси не успеа да стигне една топка пред голот на Чиле, Аргентинецот го оттурна Медел, кој не остана должен. Двајцата играчи започнаа да се туркаат, а судијата им даде црвен картон. За Меси ова беше само втор црвен картон во кариерата, а многумина се чудеа зошто Лео така реагираше.

Според многумина, Меси со овој потег сакал да се одмазди на Медел за тоа што беше пред четири години. На Копа Америка во 2015 година, Меси ја имаше топката во свој посед, а Медел со нога го удри директно во стомакот. Меси падна да се превиткува од болка, а Медел доби само жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести