Меси сам си најде играч кој може да го замени во Барселона

Повеќе од 10 години, Лионел Меси ја држи целата игра на Барселона, а благодарение на неговите маестрални мечеви, каталонскиот гигант освои многу трофеи. Сепак, Меси нема да може вечно да игра, па сигурно ќе дојде време кога 32-годишниот Аргентинец едноставно нема да може да го држи неверојатниот ритам кој сам го диктира.

Сите се свесни дека Барселона без Меси нема да биде иста и дека ќе мора да се најде соодветна замена за играчот кој покажува дека е можеби и најдобар во историјата. Барселона веќе почнува да размислива за доведување на супер ѕвезда која ќе треба да продолжи во оној момент кога Меси ќе сопре.

Според шпанските медиуми, Меси самиот се ангажирал да најде замена за себе, а Аргентинецот само во еден човек нашол играч кој може да го замени на „Камп Ноу“. Тоа е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен. Францускиот репрезентативец покажа дека е суперталент, а фактот дека има само 20 години, најавува дека тој треба да доминира во светски рамки во следните 10-тина години.

Покрај Меси, Мбапе сезонава е единствениот играч во Топ 5 лигите кој стигна до бројката од 30+ погодоци во првенството. ПСЖ за него плати 180 милиони евра на Монако и стана вториот најскап играч во историјата, веднаш зад Нејмар. Доколку Барселона во Мбапе види наследник на Меси, сигурно нема да жали дури и рекордна сума на пари за негов трансфер од Париз во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести