Меси се чуди како Нејмар не заврши во Реал Мадрид

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, во интервју за каталонското радио даде интервју во кое начна многу различни теми, а една од најинтересните работи кои ги кажа е дека уште се чуди како Нејмар не се врати во шпанската лига.

„Нејмар цело лето на сите им даваше до знаење дека не сака да остане во ПСЖ. Бев сигурен дека ако не се врати кај нас, ќе оди во Реал Мадрид. Но, изгледа Флорентино Перес и Реал не направија доволно големи напори за да го привлечат“, вели Меси.

Најдобриот фудбалер на светот уште не може да се изначуди зошто Усман Дембеле доби црвен картон поради приговор на дуелот со Севилја.

„Не можев да поверувам. Како можеше Матеу да разбере што му кажал Усман. Па, ние во соблекувална ниту до половина не можеме да разбереме што сака да ни каже Дембеле, човекот се мачи со секоја реченица. Очајно зборува шпански, чудно е како го исклучија за приговор“, вели Меси, кој не знае добро англиски, за разлика од Дембеле и судијата Матеу Лахос.

- Оглас -

Најнови вести