Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна договор со челниците на Барселона и на крајот од сезоната ќе потпише договор со каталонскиот тим, пишуваат француските медиуми.
Според медиумите, Меси се согласил да потпише договор на плус една година за 13 милиони евра со Барселона.
„Меси се согласил на драстично намалување на платата дури од 66 отсто само за да може да заигра за клубот на неговиот живот. Тој сега ќе заработува 13 милиони евра по сезона“, пишуваат француските медиуми повикувајќи се на доброинформираното Радио Монте Карло.
https://twitter.com/ManagingBarca/status/1654018884205432834?s=20
Медиумите пишуваат дека Меси потписот на договорот со Барселона ќе го стави на неговиот 36-ти роденден, а тоа е на 24 јуни.
Лионел Меси пристигна во Барселона во 2000 година како 13-годишно момче од Аргентина и настапуваше за каталонскиот тим до 2021 година, кога се пресели во ПСЖ.