Со вечерашниот погодок против Бриж, Лионел Меси сега има 38 различни тимови на листата на кои им давал гол во Лигата на шампионите. Со ова, Меси го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо.
Зад Меси и Роналдо се Карим Бензема кој давал гол против 34 тимови, Раул со 33 и Ибрахимовиќ и Левандовски со по 29.
Меси и Роналдо се најдобри стрелци во историјата на ЛШ, но нивните бројки може да бидат достигнати во иднина од Килијан Мбапе, ако тој продолжи да решета како досега. Мбапе има 31 гол и 20 асистенции, а уште не наполнил 23 години. На негова возраст, Роналдо имаше по 8 гола и асистенции, а Меси имаше 25 гола и 6 асистенции.