Лионел Меси конечно во третиот обид против Ливерпул го постигна својот прв гол против овој тим, а „црвените“ станаа 32-риот клуб против кого Меси дал гол во Лигата на шампионите. Ваква бројка од погодоци против 32 тима во кариерата има и Кристијано Роналдо. Пред нив двајца е само некогашниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, кој ја тресел мрежата на 33 противника во елитното европско натпреварување.
Меси има 112 гола во ЛШ, а досега во дресот на Барса играл против 37 екипи. Тој само на пет ривали не им дал гол, а на листата на негови жртви се сите шест англиски клубови против кои се сретнал. На последните 23 меча против англиските ривали, Меси има 26 гола. Исто вакво „уништување“ на ривали од една земја има само Кристијано Роналдо, кој дал 26 гола против германските екипи во ЛШ.