27.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Меси се откажа од двете работи кои му беа најважни во фудбалот

Лионел Меси по 23 години поминати на врвна сцена во европскиот фудбал, реши дека е време за нов предизвик, па прифати да замине во САД и потпиша за тимот на Интер Мајами. Овој потег на Меси многумина го протолкуваа како крај на неговата врвна кариера, а и самиот фудбалер е свесен дека играњето во САД не е на исто ниво како во Европа.

Токму затоа, 35-годишниот Меси изјави дека веќе не му е битно освојувањето на Златната топка, која досега ја освојуваше рекордни седум пати. Според најавите, Меси ќе ја освои и следната Златна топка, а тоа би била и последна за него.

Освен што се откажува од освојувањето на Златната топка, Меси најави дека не планира да игра на следното Светско првенство во 2026 година. Пред неколку месеци, како капитен на Аргентина, Меси го предводеше националниот тим до светската титула на Мундијалот во Катар. Со освојувањето на оваа титула, Меси го оствари детскиот сон.

„Не верувам дека повторно ќе заиграм на Мундијал. Светското првенство во Катар беше последно за мене. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но во принцип не планирам да играм на СП 2026“, рече Меси, кој има 35 години.

 

- Оглас -

Најнови вести