Додека Барселона играше со Реал Сосиедад на стартот на шпанската лига, Лионел Меси уживаше во Париз во роденденска забава на неговиот нов соиграч Андер Ерера. Шпанецот наполни 32 години и на забавата присуствуваа голем дел од ѕвездите на ПСЖ, меѓу нив и сите засилувања, освен Џиџи Донарума.
Од една страна, фановите на Светците се среќни што Меси почна да се дружи со своите нови соиграчи и атмосферата во тимот е добра, но има и загриженост, што на сликата од роденденот го нема Килијан Мбапе. Има шпекулации дека тој не е среќен што Меси дошол во ПСЖ и наводно сака да си замине од клубот со кој има договор до следното лето.