33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Меси се повреди, Интер Мајами се спаси во 90+2 минута, а потоа ја доби драмата на пенали

Интер Мајами се пласираше во следното коло од Лига купот во Средна и Северна Америка, откако дури по подобро изведување на пенал го победи мексиканскиот тим Некаха. Во регуларниот дел беше 2:2, па мораше да се шутираат пенали по кои Интер Мајами беше подобар со 5:4.

Пред мечот, тимот од Мајами беше голем фаворит за победа. Сепак, по неполни 10 минути од игра мораше да излезе Лионел Меси, кој заработи повреда на мускулот на ногата.

Без Меси, главен на теренот беше вториот аргентински репрезентативец Родриго де Пол. Тој асистираше за првиот гол на Интер за водство од 1:0. Сепак, потоа мексиканскиот тим направи целосен пресврт и поведе со 2:1. Во 90+2 минута повторно по асистенција на Де Пол, погоди Жорди Алба и израмни на 2:2, спасувајќи го Интер од елиминација и изборувајќи се за изведување на пенали.

Во пенал-рулетот, сите пет играчи на Интер постигнаа гол, па доволно беше тоа што само еден фудбалер на противниците не беше прецизен, па тимот од Мајами се пласираше во следната фаза од ова Куп натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести