По повод смртта на папата Франциск, преку социјалните мрежи се огласи и фудбалската икона Лионел Меси.
„Еден посебен Папа, близок, Аргентинец. Почивај во мир Папа Франциск. Ти благодарам што светот го направи подобро место. Ќе ни недостасуваш“, напиша Меси.
Меси исто како и папата, е Аргентинец, а ги поврзува и фудбалот. Папата беше голем љубител на фудбалот, навиваше за клубот Сан Лоренцо.
Инаку, папата поради даден завет, уште од јули 1990 година немаше гледано телевизија, ниту на интернет не гледал фудбал, па за фудбалските резултати го известуваа припадници на швајцарската гарда. Според папата, најдобр во историјата не биле Меси или Марадона, туку Пеле.